Јужнокорејското разузнавање ја потврди информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина
Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска потврди дека Украина заробила ранет севернокорејски војник, откако се појавија информации дека украинска специјална единица го заробила војникот, пренесе агенцијата Јонхап.
„Преку размена на информации во реално време со разузнавачка организација на пријателска држава, потврдивме заробување на ранет севернокорејски војник и планираме темелно да го следиме развојот на настаните“, се наведува во кусото соопштение на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја.
Потврдата уследи откако украинската армиска новинска служба „Милитарни“ синоќа соопшти дека украинските сили го заробиле војникот за време на операции во руската Курска област, без да се наведе точниот датум на настанот.
Фотографија на наводниот севернокорејски војник, кој изгледа ранет, беше објавена на „Телеграм“. Засега нема повеќе детали за неговата состојба, додава „Јонхап“.
Ново на Сител
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија