Loading Video...
Фудбал
7. January 2021 - 15:35

Јувентус го доби дербито против Милан

Фудбалерите на Јувентус ја прекинаа серијата натпревари без пораз на Милан во Серија А. 
 
На дербито од 16.коло, актуелниот италијански шампион Јувентус славеше со 3:1 на гостувањето кај лидерот на табелата Милан. 
 
Првиот дел заврши со израмнет резултат 1:1, откако Киеза му донесе предност на Јуве (18.минута), а на спротивната страна погоди Калабриа (41). 
 
Во вториот дел, одново Киеза се запиша во листата на стрелци, а Американецот, МекКини беше стрелец на третиот гол. 
 
Милан останува прв на табелата со само бод повеќе од Интер кој исто така во оваа рунда беше поразен. Веднаш по екипите од Милано е Рома, а Јувентус сега е на четвртото место.