-->
-->
Јуве откри колку пари „лапна“ од Погба
-->
Јувентус конечно ги откри сите финансиски детали поврзани со трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед. Најскапиот трансфер во историјата на фудбалот изнесува 105 милиони евра, а со дополнителни бонуси може да порасне за уште пет милиони евра.
Деталите околу трансферот на Погба ги откриле претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и директорот Џузепе Марота на состанокот со акционерите.
По завршувањето на состанокот Марота им се обратил на медиумите кои ги открил деталите и околу тоа колку заработил менаџерот на Погба Мини Раиола.
Погба од Јунајтед дојде за 1,5 милиони евра. По четири години тој посака да се врати во Англија, по секоја цена сакаше да замине. Побаравме обештетување од 105 милиони евра и плус пет милиони низ дополнителен бонус. Оваа клаузула ќе биде активирана доколку Јунајтед го продолжи договорот со Погба или пак реши да го продаде на накој друг клуб за сума повисока од 50 милиони евра. Раиола и и неговите ќе добијат 27 милиони евра. Кога се ќе собереме ние на Погба заработивме 72 милиони евра“, рекол Марота.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Адвокатот на Палевски се откажа од одбраната
-
ПСЖ сака да му понуди на Јамал рекорден договор
-
Приведен газда на ноќен клуб од Куманово - Го затекнале како внесува ПП апарати, пронашле и пиротехника
-
Во Пробиштип книги на жалост за тројцата загинати во дискотеката во Кочани
-
Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје
-
32 часа работа, 11 пати од Кочани до Скопје возел Илчо од Итна помош кој почина на спиење
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повикува на сплотеност и молитва за настраданите во Кочани
-
На уште едно лице му е определен притвор за пожарот во Кочани