Јункер во грчкиот Парламент: Итно треба да се реши проблемот со името
Прашањето со името треба да го решите меѓу вас, јас не сум надлежен да давам идеи или насоки, но треба да ја нагласам итноста што го карактеризира решавањето на проблемот, порача претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, од грчкиот Парламент.
- Господине претстедателе, пред вашиот парламент ќе кажам нешто што кажав кога неодамна бев во Скопје, каде што беше поставено прашањето за името на оваа земја. Јас не сум надлежен да ви дадам некоја насока, ниту идеи ниту пак правци во однос на прашањето што треба во секој случај да го решите меѓу вас. Но, дозволете ми да ја нагласам итноста што го карактеризира решавањето на проблемот, со оглед на комплицираниот регион. Ги имам на ум зборовите на Черчил: овде историјата што се произведува не може да се консумира, толку е голема, рече Јункер.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во обраќањето пред пратениците, во присуство на грчкиот претседател, Јункер, меѓу другото, говореше и за земјите од регионот и нивната европска иднина. Рече дека Грција е столб на стабилноста во регионот, а на Западен Балкан му е потребна европската перспектива, „за да не се повторат драмите што ги доживеавме во 90-те години“. Претседателот на ЕК објасни дека препораката за почеток на пристапни преговори со ЕУ, не значи и доделување датум.
- Сите оние проблеми, посебно конфликти на границите што би можеле да создадат и билатерални судири, ќе треба во секој случај да се решат пред било какво пристапување. За да бидам целосно јасен, сакам да кажам дека, кога Европската комисија предложи, а тоа беше пред една седмица, почеток на преговорите за пристап за Албанија, но и за ПЈРМ, ова не значи дека од наша страна сме дале датум за да почнат овие преговори за проширување и интеграција, воопшто не е даден таков датум за интеграција. Внимание! Не треба да се потпираме на нереални најави, не е можно да се случува тоа, објасни Јункер и додаде дека сите земји кандидати ќе се оценат објективно, врз база на нивните вредности и критериуми.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп