-->
-->
Јункер: Веднаш да почнат преговорите за напуштањето на Британија
-->
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека сака веднаш да почнат преговорите по излегувањето на Велика Британија од ЕУ и нема причина да се чека до октомври, кога британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека ќе ја напушти функција.
- Британците вчера одлучија дека сакаат да ја напуштат ЕУ, па затоа нема потреба да се чека до октомври, за да ги договориме условите за нивно излегување. Јас би сакал да почнеме веднаш, истакна Јункер.
Тој нагласи дека ЕУ „разумно ќе се осврне“ кон преговорите за разделбата со Велика Британија.
- Тоа не е развод со взаемна согласност, но и без тоа не беше никаква цврста љубовна врска, нагласи Јункер во врска со односите меѓу Брисел и Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче