Свет
22. јуни 2016 - 14:54

Јункер не поднесува оставка ако Британија ја напушти ЕУ

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер нема да поднесе оставка на функцијата доколку граѓаните во Британија одлучат на претстојниот референдум државата да ја напушти Европската унија.

– Тоа е проблем на британскиот народ, наведе Маргаритис Шинас, портпарол на Јункер. Тој, на ден пред референдумот истакна дека Јункер не се ангажирал во кампањата бидејќи Комисијата „не била и не е дел од кампањата во Британија“.

Јункер претходно ја предупреди Британија дека гласањето за излегување од ЕУ би значело нанесување штета на себеси, но и загрозување се што Европјаните заедно постигнале.