Јункер: На ниту една земја не и ветив датум за влез во ЕУ
Претседателот на Европска комисија, Жан Клод-Јункер по посетата на Скопје, Тирана, Сараево, Подгорица и Приштина изјави дека не ветил датум за приклучување во Европска унија.
Тој додаде дека не ветувал датуми за почеток на претпристапните преговори и оти за него кваилитетот е поважен од брзината.
- За мене е важна суштината, а не одредувањето на датуми. Термините ме интересираат, но не на таков начин за да ја заборавам суштината на преговорите, истака Јункер за „Дојче веле“.
Тој додаде дека условите за членство мора да бидат исполнети.
- Во тоа спаѓа и дека сите држави од Западен Балкан мора да ги решат граничните спорови. Не можеме во ЕУ да увезуваме гранични спорови. Мора да донесеме стабилност во регионот, но не сакаме за возврат да добиеме нестабилност. ЕУ е заедница и на вредности. Правна држава, човекови права и слобода на медиумите, тоа се теми кои понекогаш морам малку подобро да ги објаснам, истакна Јункер.
Тој наведе дека во ЕУ постои умор од проширувањето, но оти на земјите од Западен Балкан им е потребна силна европска перспектива и треба да им се овозможи пристап.
Тој повтори дека ЕК и земјите-членки ги оценуваат кандидатите врз основа на нивните сопствени заслуги и оти личната иницијатива е многу важна.
- Ние не можеме да наметнуваме проширување, никого не принудуваме да пристапи во ЕУ. Тој што нема да покаже лична иницијатива има мали изгледи да стане членка на ЕУ. Секој мора сам да се потруди. ЕУ не може да го носи товарот на земјата-кандидат. Не, тие сами мораат да ги средат работите, посочи Јункер за „Дојче веле“.
Ново на Сител
-
Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
-
Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука
-
Земјотрес со јачина од 8,7 степени на рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи