Јункер ја предупреди Русија: Итно спроведување на договорот од Минск
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја предупреди денеска Русија дека ЕУ ќе ги укине своите санкции само доколку Кремљ во целост го спроведе договорот од Минск.
- Следниот черкор е јасен. Целосна имплементација на договорот, ни помалку ни повеќе, рече Јункер пред состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.
Јункер, кој присуствува на економскиот форум во Санкт Петербург, прецизира дека примената на мировниот договор е „единствен начин да се почне разговор и единствен начин да се укинат економските санкции на Русија“.
Состанокот на Јункер и Путин е прв од кога Европската унија, во 2014 година воведе санкции на Русија поради ситуацијата во Украина.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска дека „некои луѓе можеби не ја одобруваат неговата посета во Русија“, но смета дека тоа не е погрешно.
Јункер, кој учестува на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави, дека здравиот разум налага да се разговара со Москва и покрај тензиите поради украинската криза.
Јункер во текот на денот ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин и се очекува да имаат отворени разговори за повеќе теми.
Ново на Сител
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари
-
МОН: Студентските домови етапно се реконструираат, студентскиот стандард значително се подобрува
-
Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет
-
65-годишна жена измамена преку социјална мрежа за сума од 6.700 евра
-
До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
-
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари