Јункер ја потврди европската иднина на Македонија, побара посветеност на реформите
- Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, придружуван од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја одбраа токму Македонија како прва дестинација во рамки на нивната турнеја низ земјите од Западен Балкан во рамките на која ја презентираат Стратегијата за проширување на Унијата со земјите од регионот.
Донесоа порака за потврда на европската иднина на Македонија, за реалните можности земјата да добие препорака за членство оваа година, но секако доколку продолжи да чекори по патот на кој се наоѓа во моментов, интензивно спроведување на реформите и подобрување на добрососедските односи.
Јункер на заедничката прес-конференција со Заев истакна дека во земјава не пристигнал за да соопшти точен датум за почеток на преговорите, но напомена дека Македонија е на добар пат, постигнала напредок и оти ако продолжи да се движи во таа насока за неколку месеци може да го добие очекуваното и препораката нема да биде условена.
- Не дојдовме да ви соопштиме датум, туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продолжите по тој пат за неколку месеци ќе и дадете можност на Европската комисија на Советот да му препорача отпочнување на преговорите за приклучување, рече Јункер.
На македонските власти им порача да го решат спорот за името со нивните грчки пријатели. Гледа напредок во процесот, а како доказ за тоа му биле измените на аеродромот, по одлуката да Владата тој да биде преименуван, како знак на отстапка во процесот на преговорите.
Премиерот уште еднаш повтори дека Владата прифаќа географска одредница, но и достоинствено решение, а исто така останува посветена и на подобрување на добрососедските односи генерално.
- Инсистираме на решение, кое ќе биде трајно, но и ќе го почитува достоинството и ќе го заштити идентитетот на двете држави, рече Заев.
Изрази силно уверување дека во јуни 2018 година Советот ќе донесе одлука за почеток на преговорите.
По средбата со Заев, претседателот на ЕК, Јункер и евркомесарот Хан имаа средба и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Од Македонија тие заминаа за Албанија. До 1 март ќе ги посетат сите шест земји од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести