Јункер ја поддржува Шпанија во борбата против отцепување на Каталонија
Стремежот на Каталонија за независност е „катастрофа“, против која ќе се бори Европската унија со цел да го поддржи единството на Шпанија, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
- Каталонија е огромна грижа. Не ми се допаѓа ситуацијата што ја предизвика. Тоа е катастрофа за повеќе работи. Ги поткопа политичките односи, ги раздели шпанските и каталонските граѓани, предизвика проблеми во семејствата, меѓу пријателите. Тоа е тажно, нагласи Јункер.
Тој испрати порака до разрешениот претседател на каталонската Владата Карлес Пуџдемон, дека приврзаниците на отцепувањето на Каталонија од Шпанија „не треба да ја потценуваат големата поддршка што ја има шпанскиот премиер Мариано Рахој во Европа“.
- Сметам дека регионалните избори во Каталонија во декември би требало да ја подобрат ситуацијата, заклучи Јункер.
Ново на Сител
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Над 20 осомничени
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Мицкоски: Само 12 ноќни клубови легално работат во државата, се ќе затвориме