Јункер и порача на Москва дека границите на ЕУ се недопирливи
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска ја предупреди Москва дека границите на ЕУ се „недопирливи“, нагласувајќи дека безбедноста на државите во ЕУ е неприкосновена.
- Безбедноста и границите на земјите членки на ЕУ се недопирливи и сакам тоа јасно да се разбере во Москва. Полска, балтичките држави и сите други се многу важни земји членки на ЕУ и тие не треба да мислат дека нема да бидеме таму за нив. Имаме обврска да ја штитиме безбедноста на сите, изјави Јункер во Европскиот парламент.
Јункер, нагласи дека овие европски земји треба сериозно да разберат дека солидарноста не е празен збор и дека ЕУ е таму и дека ќе биде таму, ако некогаш е потребно.
- ЕУ мора јасно да покаже на Русија кои се трошоците за конфронтација, но исто така, мора јасно да стави до знаење дека е подготвена да се ангажира, нагласи Јункер.
Јункер денеска на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур ја претстави својата порака „За состојбата на унијата“.
Во своето обраќање претседателот на ЕК зборуваше и за бегалската криза, заканата од групата ИД, Западен Балкан, миграцијата од африканските земји и состојбата во Украина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки