Јункер го предупредува Трамп: Ако ЕУ се распадне, на Балканот ќе има војна
Првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека е можна нова војна на Балканот, пишува денеска „Катимерини“, повикувајќи се на негово интервју за „Фајненшл Тајмс“.
Во интервјуто Јункер изразил загриженост за реакциите на Трамп по одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.
Претседателот на Европската комисија го предупредил американскиот потпретседател Мајк Пенс дека постои опасност од уште една војна на Западен Балкан, доколку ЕУ се распадне, при што како причина го навел и охрабрувањето на Трамп кон другите земји членки да си заминат од Унијата по Брегзит.
Пенс беше во Брисел на 20 феруари, но досега немаше детали за разговорите. Јункер првпат зборува за средбата во ексклузивното интервју објавено денеска во „Фајненшл Тајмс“, пишува „Катимерини“.
- Му реков на потпретседателот да не го кажуваат тоа. Не ги повикувајте другите да си заминат, затоа што ако се распадне Европската унија, ќе имате нова војна на Западен Балкан, рекол Јункер во интервјуто.
Според „Катимерини“, како што јави дописникот на МИА од Атина, тој исто така потенцирал дека е важно на земјите од регионот да им се понуди перспектива за членство во Европската унија.
- Ако ги оставиме сами, Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, сите овие земји, повторно ќе имаме војна, ја пренесува грчкиот весник изјавата на Јункер за „Фајненшл Тајмс.
Ново на Сител
-
Битиќи соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател на СДСМ
-
Претседателката на ДОМ поднесе оставка
-
Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова
-
Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори
-
ДИК: Од обработени 99,27% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за претседателските и парламентарните избори
-
Социјалистичката партија им ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ
-
Ден на победата над фашизмот