Јуниорска балканска олимпијада по информатика во Охрид
Ученикот од Полска Јулиус Фам е најдобар учесник на Јуниорската балканска олимпијада по информатика, која се одржа од 14 до 19 септември во Охрид. За најдобар официјален учесник е прогласен Романецот Овидиу Разван Харшан, а бронзен медал доби Марко Чаласан кој е најдобар учесник од Македонија.
Јуниорската балканска олимпијада по информатика е настан во програмирање кој претходи на Балканската и Интернационалната олимпијада по информатика. Македонија годинава е домаќин на настанот, што се одржа во организација на Здружението на информатичарите на Македонија.
Јуниорската балканска олимпијада по информатика вклучува ученици на возраст до 15,5 години, а се одржува по деветти пат со учество на членки на Балканската иницијатива: Македонија, Кипар, Романија, Молдавија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, како и Полска и Словенија кои добија специјални покани за учество.
Секоја земја учествува со тим кој се состои од четири натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.
Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, д-р Миле Јованов, кој беше и претседавач на Олимпијадата, настанот ја потврдува определбата на Македонија да ја подржува информатиката за да изгради информатичко општество и притоа креаторите на истото да се македонските информатичари.
- Ваквите натпревари кои се за најдобрите натпреварувачи од секоја земја претставуваат и поттик за сите останати ученици да се заинтересираат околу информатиката и програмирањето. Учениците учесници кои ќе постигнат значајни резултати на вакви олимпијади добиваат можност бесплатно да студираат на најпрестижните универзитети во светот, истакна Јованов.
Настанот беше организиран со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од Скопје и Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид и ИКТ компании.
Ново на Сител
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо