-->
-->
Јуниорите стигнаа до првата победа
-->
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна првата победа откако попладнево во дуелот од 3.коло ја совлада Република Ирска со 73:55 (16:14, 21:12; 15:18 и 21:11). Ова беше натпревар од 3.коло од Д групата од Европското првенство Б дивизија што се игра во Талин.
По минималната предност во првиот период 16:14, нашите јуниори на крајот од првиот дел имаа и двоцифрена разлика 37:26. Во продолжението противникот успеа да намали, но во последниот период избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов имаа и водство од +20 поени разлика (69:47).
Најефикасни во нашата репрезентација беа: Мартин Труснов со 19 поени и Лука Стојановски со 18. Утре е слободен ден, а Македонија во вторник во рамките на 4.коло игра против Швајцарија.
На вториот дуел од 3.коло од нашата група Швајцарија ја победи Данска со 54:53 и Естонија – Белгија 70:68.
Табела: Естонија 6 бодови, Белгија и Швајцарија имаат по 5, Естонија, Македонија и Данска по 4, а Република Ирска е последна со 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“