Јуни потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности
УХМР соопшти дека согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јуни 2022 година се карактеризира како потопол од вообичаено и влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности.
Апсолутното температурно колебање беше 32 степена, додека месечното температурно колебање изнесуваше 10,2 степена и се движеше од 16 во Лазарополе до 26,2 во Гевгелија. Споредено со просечните јунски средно месечни температури, за триесетгодишен период (1981-2010), овогодинешната температура беше надпросечна за 1,7 степени на ниво на државата.
Средната максимална температура варираше од 21,3 степени во Лазарополе до 31,5 во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 23 јуни во Гевгелија и изнесуваше 37,7 степени. Средната минимална температура варираше од 8,8 во Лазарополе до 17,9 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 19 јуни и изнесуваше 5,8 степени, наведува УХМР.
Според Управата, колебањето на месечната сума на врнежи во државата изнесуваше 100 милиметри и се движеше од 23,7 во Гевгелија до 123,1 милиметар во Маврово. Максималното дневно количество на врнежи од 90,3 милиметри беше регистрирано на 11 јуни во Маврово.
Споредено со јунската просечна вредност за многугодишен период (1981-2010), измерената месечна сума на врнежи беше 14 милиметри или 29 отсто над просечната на ниво на држава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација