Фудбал
3. February 2019 - 18:15

Јунајтед го совлада и Лестер

Продолжува извонредната серија на Манчестер Ј. Фудбалерите на оваа екипа ја обезбедија и 9-тата победа во последните 10 средби откако како гостин го совладаа Лестер со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок беше Рашфорд на самиот почеток од мечот.
До крајот домашните фудбалери имаа неколку прилики да се спасат од пораз но Де Хеа успеа да одбрани.
Манчестер Ј. со овие три бода ја продолжува битката за 4. позиција на табелата со Челзи и Арсенал.