Loading Video...
Спорт плус
10. November 2021 - 20:08

Јубилеен 50-ти „Златен гонг“ со учество на боксери од 13 земји

Иако во тешки услови со блокади поради Ковид-19  Боксерската федерација на Македонија  по пауза од една година ќе ја организира боксерската ревија Златен гонг што по 50-ти јубилеен пат ќе се одржи на ринговите во Скопје. 

Оваа манифестација која се одржува од 1969-тата година ќе биде домаќин на боксери од 13 земји и вкупно 7 македонски претставници. 
Нашата репрезентација ќе ја предводи Руждија Калач а последниот трофеј ќе го брани Јасин Љама. 
Се очекува квалитетен бокс во СЦ „Борис Трајковски“ (мала сала), според програмата четвртфинале во четврток од 16 часот, петок во две сесии – полуфинале од 13 и 18 часот и финале во сабота со почеток од 20 часот.