Македонија
22. August 2024 - 11:39

ЈСП: Лажна е веста дека се запалил автобус, пареа излегувала од скинато црево за антифриз

Јавното сообраќајно претпријатие ја демантираат веста дека се запалил автобус на ЈСП кај Бит-пазар...

Од претпријатието велат дека се случил дефект со конкретниот автобус, но дека во моментот на дефектот немало пожар, туку пареа која почнала да излегува како последица на скинато црево за антифриз.

- Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП-апаратот, но не го употребил, велат од ЈСП.