-->
-->
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-->
Санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Општина Центар, во период од 4 до 10 ноември, информираат од ЈП „Паркинзи“.
Оттаму посочуваат дека во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, минатата недела, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети 194 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ соопштуваат дека заедно со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет