Балкан
14. November 2017 - 12:24

Јово во страотната несреќа остана без сопругата и ќерката: Го видов знакот „Стоп“, ама налета камионот, знаев дека нема да преживее

Јово Беслаќ по страотната несреќа во која загинаа неговата ќерка Милица (16) и сопругата Тања (37) како и нејзината пријателка Бранислава Јовановиќ (48) е пуштен ана домашно лекување откако претходно беше згрижен во болница.

Тој раскажа што се случило кобната ноќ, кога остана без ќерката и сопругата.

Физичката бол не е ништо споредено со душевната болка која не успева да се смири ниту со лековите кои пријателите и роднините му ги даваат.

-Ја однесов на светското првенство во Романија и ја вратив, но не во нејзината туку во друга куќа. Ужасно е ова што се случи. Ме клукаат со секакви лекови, ама не помага, раскажува неутешниот татко кој остана само со 11-годишниот син.

На детето дури вчера утро му ја соопштиле најтажната вест и сега заедно со таткото чека да заврши обдукцијата и мајката и сестрата да ги погребе како што доликува, во среда во 15 часот.ж

На Јово во сударот му пукнала клучната коста и ребрата поради што има корито околу главата и рамената. Сепак успеа накратко да раскаже како дошло до трагедијата.

-Знакот „стоп“ стои на 20 метри од раскрсницата така што тешко може да се види. Претпоставував дека се работи за пат со првенство на минување.

-Меѓутоа, од десната страна налета камион и ме удри. Сопругата и ќерката на самото место останаа мртви додека госпоѓа Бранислава даваше знаци на живот. Меѓутоиа се знаеше дека нема да преживее, зошто и нејзе главата и беше смачкана. Нејзината глава и главата на моето девојче беа една до друга, смачкани, раскажува низ солзи таткото Јово.

Со неутешниот Јово во семејниот дом во Апатин е и соседот Предраг Бараќ, кој едвај говори од шокот. За ова семејство само пофални зборови може да каже.

-Милица е исклучително дете, снаодлива, убава и вредна.

-За тоа каква беше најдобро говори тоа што беше исклучителен спортист. Дете ангел. Такви беше и мајка и, исклучителна жена. И синот е многу добро дете. Ова е незапаметена трагедија, вели сосед на семејството Беслаќ.

Милица, Тања и Јово Беслаќ, заедно со тренерот Бранислава Јовановиќ се враќале од Романија од светскиот шампионат во фитнес, на кој Милица настапувала како репрезентативка на Србија.

Милица на својот последен натпревар се пласираше на 7, место од вкупно 35 натпреварувачки.