Јован Јаулески: Првиот академски час започна со многу проблеми
Првиот академски час за студентите и професорите започна со многу проблеми. Студентите и професорите се соочуваат со неефикасен Закон за високо образование и со нефункционално студентско организирање.
Една година откако власта го изгласа Законот за високо образование, тој е само празно слово на хартија.
Студентите не можат да делегираат свои претставници во телата на факултетите и универзитетите, студентското организирање е буквално уништено.
Претставниците од власта кои навидум декларативно се бореа за посилна студентска организација ја угушија и онаа која што постоеше и се сместија во удобните владините фотелји.
Студентите и оваа година немаат подобри услови за студирање, нема повисоки стипендии, нема подобри услови во студентските домови, а за изградба на ветениот студентски град не станува ниту збор.
Не работи ниту Одборот за акредитација и евалуација, кој треба да го мери квалитетот на образованието. Затоа нашите универзитети и образованието тонат.
И додека образованието се соочува со еден тон проблеми, власта наместо да се насочи кон развој на истото со ребалансот на буџетот кратеше средства од ставката за образование.
Власта која нанесе огромна штета врз образованието наскоро ќе си замине. Доаѓа време за обнова на Македонија.
Нека им е среќен и успешен почетокот на студентската година на сите студенти и професори. Секогаш да се борат за подобро и поквалитетно високо образование. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде нивен сојузник.
Ново на Сител
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија