Тенис
1. јуни 2017 - 19:39

Јотовски со две нули го испрати Бартрина меѓу гледачите

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во брчко откако со две нули и со пресврт во мечот го совлада Шпанецот Едуард Бартрина, кој на главниот турнир играше како „среќен губитник“. Резултат по сетови: 5:7; 6:0 и 7:6 (7:0).

Првиот сет го доби Шпанецот со 7:5 во гемови, иако Јотовски водеше со 5:3.
Во вториот сет нашиот тенисер беше доминантен и го доби сетот без загубен гем - 6:0, со само девет загубени поени во целиот сет.
Во решавачкиот сет противникот поведе со 5:2 во гемови, а Јотовски успеа да стигне до тај брек и да го добие без загубен поен со 7:0. Притоа нашиот тенсиер имаше серија од девет освоени поени по ред и на противникот не му дозволи да дојде до меч топка.
Во четвртфиналето утре ќе игра против петтиот носител Франко Агаменоне од Аргентина, кој се наоѓа на 461.место на АТП листата.