-->
-->
Јотовски преку четвртиот носител до четвртфиналето во Кисељак
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во 1/4 финалето на фјучрсот во Кисељак откако пред малку во 2.коло го победи четвртиот носител Дује Кекез од Хрватска (485.место АТП) со 2-1 во сетови (6:3; 3:6 и 6:1).
Негов ривал во следната рунда ќе му биде Дејан Катиќ од Србија против кого нема победа и загуби на претходниот фјучрс во полуфиналето во Брчко. Ова е шанса за реванш на нашиот тенисер.
Првиот сет Јотовски го доби со 6:3 во гемови, а резултатот беше изедначен до 3:3. Во вториот сет нерешено беше до 2:2 во гемови кога Кекез направи серија од три гема за водство од 5:2 и го доби сетот со 6:3.
Во решавачкиот сет Јотовски почна фуриозно и направи два брејка најпрвин за 3:0 и потоа за 5:1, а мечот го заврши со ас сервис.
Во мечот билансот на поени беше 84:72 за Јотовски, а за неговата доминација во третиот сет покажува и скоро на поени 27:12.
Во мечот билансот на поени беше 84:72 за Јотовски, а за неговата доминација во третиот сет покажува и скоро на поени 27:12.
Мечот траеше 140 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите