-->
-->
Јотовски и Грабул во финалето на ДП
-->
Двајцата први носители на Државното првенство во тенис Томислав Јотовски и Димитар Грабул ќе играат во финалето во борбата за шампионската титула. Тие во денешните полуфинални мечеви постигнаа победи против Предраг Русевски односно Бојан Јанкуловски.
Во првото полуфинале (Грабул - Јанкуловски) имаше повеќе неизвесност и мечот со 2-1 во сетови му припадна на Грабул. Јанкуловски го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а потоа врати Грабул со 6:3. Во решавачкиот сет до 3:3 во гемови немаше брејк, потоа Грабул поведе со 4:3. Јанкуловски врати со ри-брејк и потоа водеше со 5:4. Пак имаше серија од 2-0 за Грабул и водство од 6:5, кога Јанкуловски успеа да спаси меч топка и да направи брејк за 6:6. Победникот беше решен во тај брекот кој Грабул го доби со 7:5 на поени.
Во второто полуфинале Јотовски со многу посигурна игра го совлада Русевски со 2-0 во сетови. Првиот сет го доби со 6:1 во гемови, а во вториот беше нерешено 4:4 и по водството од 5:4 Јотовски направи брејк за да го добие сетот.
Финалето меѓу Јотовски и Грабул се игра утре со почеток во 12 часот на терените на ТК Југ.
Попладнево се играат мечевите во женска конкуренција, а и во двојки кај мажите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте