-->
-->
Јотовски елиминиран во четвртфиналето на скопскиот фјучерс турнир
-->
Најдобро рангираниот македонски тенисер во моментов Томислав Јотовски не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Скопје вреден 10.000 долари, што се одржува на терените на „Тенис парк“ крај СЦ „Јане Сандански’’.
Јотовски во 1/4-финалето загуби убедливо во два сета од Кристијан Месарош од Хрватска. Во мечот кој траеше само 1 час и 12 минути Јотовски не успеа да освои ниту еден гем односно ги загуби двата сета со 6:0.
Кој ќе биде противник на Хрватот, Месарош во 1/2-финалето ќе биде познато по одигрувањето на вториот полуфинален меч, кој е во тек, а во кој нашиот тенисер Димитар Грабул веќе има предност од 1:0 против првиот носител на овој турнир Кристофер О‘Конел од Австралија.
Јотовски пак заедно со својот партнер Лазов од Бугарија, кои победија на првиот скопски фјучрс, ќе имаат шанса да го повторат успехот од пред една седмица, доколку до добијат полуфиналениот меч против хрватската двојка Домагој Биљешко и Бома Гојо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија