Loading Video...
Ракомет
2. July 2020 - 16:07

Јотоќ најново засилување на вардарци

 
Хрватот,  Ловро Јотиќ е последното во низата засилувања во редовите на РК Вардар. 
 
25-годишниот ракометар минатата сезона го носеше дресот на битолски Еурофарм Пелистер, а соработката со тренерот Стевче Алушовски на некој начин и била пресудна Хрватот, за кој интерес имаше и металург, сепак да ја прифати понудата на вардарци, 
 
Со Јотиќ, црвено-црните го комплетираат тандемот ракометари кои настапуваат на позицијата среден бек, па тој заедно со сонародникот  Анте Гаџа ќе треба да бидат главните организатори на играта на Вардар во следната сезона. 
 
Јотиќ е осмото ново име во тимот на Вардар по доаѓањето на новиот претседател  Михајло Михајловски, кој го презеде Вардар од Самсоненко. 
 
Претходно вардарци ги договорија и неговите сонародници Ѓаџа и Векиќ,како и македонските репрезентативци Талески, Георгиевски и младиот Јагуриновски, францускиот голман Кантегрел, искусниот Вујин и Полјакот, Валчак. 
 
Потсетување дека договорите со клубот ги продолжија Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Калараш, Дисингер, Кизиќ, Ристовски и Мишевски,