ЈОРСМ: Две лица се обиделе да изнудат пари од скопски стоматолог
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 1 во врска со членовите 19 (во обид) и 22 (во соизвршителство). Осомничениот 33-годишен скопјанец, заедно со уште едно лице кое до сега не е идентификувано, со сила и сериозна закана се обиделе да принудат еден оштетен стоматолог да им исплати 5.000 евра, соопшти јавното обвинителство.
Откако претходниот ден осомничениот се јавил и закажал термин како пациент во ординацијата, на 29 јануари двајцата соизвршители дошле на закажаниот термин. Осомничениот од неговиот мобилен телефон му покажал на стоматологот видео клип со наводно компромитирачка содржина и побарал од него 5.000 евра за да не го објави.
Во тој момент оштетениот започнал да го снима разговорот со неговиот мобилен телефон. Осомничениот го забележал, му го одзел телефонот и го избришал снимениот разговор. Потоа го натерал оштетениот заедно да излезат од ординацијата и се обиделе насилно да го внесат во автомобил. Оштетениот одбил, по што осомничениот му се заканил уште еднаш дека ќе треба и дополнително да плати затоа што ги снимал, па двајцата сторители заминале во непознат правец.
Се преземаат дејствија за откривање на идентитетот на вториот осомничен, додека за првиот јавниот обвинител предложи да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за нејзино издавање, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетениот.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер