Јилдирим ја повика Европа да не се меша во турската политика
Турскиот премиер Бинали Јилдирим ја критикуваше одлуката на Холандија да не дозволи да слета авионот на турскиот министер за надворешни работи во таа земја и ја повика Европа да престане да се меша во внатрешните работи на Турција.
На митингот во западна Турција Јилдирим рече: Тие воведуваат забрани на нашите министри и пратеници, кои одат таму за да се сретнат со нашите граѓани кои живеат во странство, тие создаваат пречки.
- Еј, Европо, ве молам, немојте да се мешате во турските внатрешни работи и политика и не заземајте страна, повика Јилдирим.
Турската влада ги обвинува Германија и Холандија за попречување на кампањата за референдумот во Турција, со цел да се влијае негативно да се гласа на референдумот за предложените уставни промени, кои ги прошируваат надлежностите на Претседателот на државата .
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека забраните во Германија и Холандија на турски митинзи за поддршка на гласањето со „да“ на референдумот, значи дека Европа „застанува на страната на гласањето со `не`“.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”