Ји: Косовската Влада да го повлече предлог-законот за трансформација на БСК
Заменикот-помошник американски државен секретар Хојт Брајан Ји ги повика во Приштина косовските претставници да ја прекинат иницијативата за трансформација на Безбедносните сили на Косово (БСК) во Војска на Косово, преку закон без уставни промени.
Ји, кој престојува во официјална посета на Косово, ја повика косовската Влада „да го тргне законот од масата“.
Американскиот претставник побара од косовските власти да продолжат со консултации по тоа прашање со малцинствата.
- Бараме од Владата, претседателот и останатите кои се вклучени во процесот да го повлечат законот додека процесот за консултации и координација не биде спроведен во соласност со утврдените насоки, нагласи Ји во интервју за РТК, пренесува Танјуг.
НАТО и САД предупредија претходно дека ќе ја намалат воената соработка со Приштина доколку косовската Влада спроведе трансформација на БСК во Војска на Косово без уставни промени.
Приштинскиот весник „Зери“ претходно, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека се очекува предлогот-закон за трансформација на БСК да биде поднесен за одобрување во Собранието во април, по изборите за претседател на Србија.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати