Јевтиќ:Проблемот со исчезнатите треба да го решиме заедно
Косовскиот министер за заедниците и враќање, Далибор Јевтиќ, смета дека Србија и Косово треба да соработуваат во решавањето на проблемот со исчезнатите.
- Двете страни изгубија и доживеаja многу нешта. За оваа тема треба да се разговара на различни нивоа,не само во рамките на политичкиот дијалог,туку тој дијалог треба да биде и во рамките на граѓанското општество,бидејќи на тој начин ќе надминеме една тешка и болна ситуација. Она што е најтешко е тоа што и после толку изминати години,по вооружениот конфликт, семејствата на исчезнатите не знаат каде се гробовите на нивните најмили, изјави Јевтиќ по повод денот на исчезнатите лица.
Деновиве и косовскиот претседател Хашим Тачи апелираше што поитно да се разветли судбината на исчезнатите. Тој побара вистината и правдата да„дојдат што поитно во земјата“.
- Апелирам уште еднаш што побрзо да се расветли судбината на сите исчезнати,без оглед на нивната етничка,верска и професионална припадност,-изјави Тачи.
Помирувањето меѓу народите бара искреност, вистина и правда,оцени Тачи и заклучи дека никој не го заслужува тоа повеќе од семејствата на исчезнатите.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?