-->
-->
Јешиќ ќе го тренира Крсте Велкоски
-->
Поранешниот тренер на белградски Партизан, Миодраг Јешиќ (56) е новиот тренер на фудбалерите на Сараево. Јешиќ ја прифатил понудата на Сараево и го напуштил тимот на Јангон Јунајтед од Мјанмар. Инаку дресот на Сараево го носи Крсте Велкоски кој за Сараево има постигнато два гола во првенството на БиХ.
Српскиот тренер по девет месеци работа во Јангон Јунајтед решил да замине иако клубот се наоѓа на чекор до освојување на шампионската титула во националното првенство.
„Направивме голем успех, сега повторно сакам да работам во Европа“, порачал Јешиќ, кој на клупата на екипата ќе го има на 3.октомври во градското дерби против Железничар.
Јешиќ два пати во кариерата бил тренер на Партизан (1999/2000 и 2006/2007), а во кариерата работел во Обилиќ, ОФК Белград, Славија и ЦСКА од Софија, Литекс, Будуќност...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C