Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната
Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за ставање крај на војната, поради недостигот на оружје и јасни гаранции дека рускиот претседател Владимир Путин нема повторно да нападне за „две до три години“, изјави шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак.
-Затоа денес разговараме со нашите партнери зошто е толку важно да се зајакне Украина. Генерално, треба да го скршиме рускиот наратив дека Украина сака војна, посочи Јермак во интервју за Суспилне.
Тој наведе дека Украина не сака конфликт и „на ниту еден начин не ја испровоцира Русија“.
-Русија не дојде овде да заштити никого, бидејќи не е во состојба да ја заштити ниту својата територија, рече Јермак. Според него, важно е рускиот претседател да продолжи со агресијата врз Украина.
-Значи, за да се отпочнат преговорите, Украина мора да биде силна и тогаш ќе може да разговара со Руската Федерација под еднакви услови.
Затоа што сè што моментално доаѓа од Кремљ е јазик на ултиматуми, рече Јермак.
Ново на Сител
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја