Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување на минерални суровини
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе организира јавна расправа за Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Нацрт-стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на Република Северна Македонија 2025-2045.
Министерството ги повика сите засегнати страни – институции, експерти, академската заедница, граѓанскиот сектор и бизнисот – активно да се вклучат во креирањето на стратегијата.
- Нашата цел е овој документ, изработен од реномирани научници и експерти, да ги следи највисоките стандарди и да обезбеди одржлив и ефикасен развој на земјата во следните две децении, соопшти Министерството.
На расправата ќе бидат презентирани нацрт-извештајот и нацрт-стратегијата по што ќе следува дикусија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност