Јавна дегустација на традиционална храна од регионот
Ајвар, гулаш, штрудла, пита, ќе бидат само дел од традиционалните производи што ќе може да се дегустираат вечер во Јавна соба.
Ќе ги приготвуваат млади готвачи професионалци според рецепти од поширокиот регион.
Настанот е дел од проектот „Гастрономска мапа на Западен Балкан“, кој има за цел да ги мапира регионите каде што има традиционална подготовка на балкански јадења. Се спроведува во соработка со АРНО од Скопје, „Генератор“ од Врање, КЦИЦ од Гњилање и „Бона Фиде“ од Пљевља, со поддршка на Фондот на Западен Балкан.
– Проектот презентира нетипични категории на локалното население кои ги зачувуваат локалните гастрономски традиции, како млади готвачи, идни балкански фјужн-готвачи, женски професионалци и високоедуцирани жени, жртви на домашно насилство, обожаватели на рокенрол, како и типичните зачувувачки на традицијата – жени активни во малцински здруженија на жени, велат од АРНО.
Покрај работилниците за готвење и јавна дегустација, проектот ќе резултира со објавување книга-готвач, осум видеа за готвење и пет разгледници со мапи на пет специфични јадења: ајвар, гулаш, штрудла, пита…
Ново на Сител
-
ЦУК: Зголемен бројот на противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено
-
Имотен лист од сега достапен на националниот портал - uslugi.gov.mk
-
Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии
-
Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија