Македонија
29. јуни 2017 - 9:39

Јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе одржи јавен состанок на кој фокусот ќе биде ставен на тоа како да се дојде до повисоки новинарски стандарди во новинарството. 

На состанокот најавено е учество на претставници од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонската медиумска асоцијација, Советот на етика во медиумите и Центарот за развој на медиуми.

Се очекува да бидат презентирани и реализираните активности на Агенцијата, односно Годишната програма за работа за годинава.