Македонија
27. јуни 2022 - 16:29

Јавен повик за пријавување штети од невремето во Делчево

Локалната самоуправа на Делчево ги повика граѓаните кои беа погодени од невремето во саботата во доцните попладневни часови да пријават штета во општината.

Пријавата треба да биде доставена до Комисијата за проценка на штети во следните 10 денови.

Покрај барањето, граѓаните треба да достават и копија од лична карта со потпишана изјава за користење на личните податоци, копија од трансакциона сметка, пријава и изјава за штети, појаснуваат од општината. 

За утврдување на настанатата штета, денска попладне Советот на општина Делчево одржа вонредна седница.