Македонија
8. April 2020 - 10:56

Јавен повик за онлајн работа – достава на прехранбени продукти од маркети, аптеки, ресторани во Општина Карпош

Како резултат на пандемијата со коронавирус и воведениот полициски час, Општина Карпош објавува Јавен повик и пријава за онлајн работа и достава на продукти од храна од маркети, ресторани, производи од аптеки и слично на територијата на општината.

Работното тело за координација на состојбата со коронавирусот во Општина Карпош ги повикува сите заинтересирани правни субјекти да се пријават за добивање на дозвола за работа за време на полициски час.

Тие најдоцна до четврток 09.04.2020 година (четврток) до 11:00 часот треба да пополнат пријава и ја испратат на kontakt@karpos.gov.mk, информираат од прес-службата на Општина Карпош.