Јаревски до Груби: Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука
Јаревски до Груби: Стануваш фабрика за производство на лажни вести, Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука
Координаторот за сомнителни тендери со отворен сомнеж за криминал во Владата Артан Груби освен фабрика за пари, станува и фабрика за лажни вести.
Па така ќе напише дека со истиот закон Бехтел и Енка гради автопат во Србија...
Но еве што Груби не кажува.
1.Бехтел и Енка во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи.
2.Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди 1.350 милијарди евра.
4.Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.
5. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени.
ВМРО-ДПМНЕ не е против градба на автопат, напротив истиот автопат за Коридорот 8 го има и во нашата програма, но сме против пљачката на векот каква сега имаме пред очи.
И кога Груби ќе збори за анти албанство (омилената теза на ДУИ секогаш кога се фатени апла во криминал) има ли поголемо анти албанство и анти државен елемент од тоа да се богати кастата на власт, на грбот на напатениот народ.
Друг пат Груби кога ќе произведува лажни вести, нека има на ум дека се што лета не се јаде...
Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Фејсбук статус
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари