Свет
13. April 2023 - 8:36

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета

Северна Кореја истрела проектил во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти денеска началникот на Генералштабот на Јужна Кореја.

Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета.

Лансирањето доаѓа два дена откако севернокорејскиот државен медиум КЦНА објави дека лидерот Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на военото одвраќање на земјата на „попрактичен и поофанзивен“ начин за да се спротивстави на, како што ја нарече, агресијата на САД.