-->
-->
Јапонија планира тесна соработка со Франција во борбата против тероризмот
-->
Јапонија ќе развива тесна соработка со Франција во борбата против тероризмот, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд во Елисејската палата.
Според него, прашањето за спротивставување на екстремизмот ќе биде една од главните теми на претстојната средба на врвот на Г-7 во Јапонија на 26-27 мај.
Двајцата лидери разговараа и за разработување реформи за стимулирање на растот на светската економија.
- Економската ситуација во Европа почна да се подобрува, но засега растот е уште многу бавен, призна францускиот претседател.
Тој изрази задоволство дека на дневниот ред на форумот на Г-7 ќе биде и прашањето за транспарентност на меѓународните финансиски зделки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара