Јапонија активираше први маринци по Втората светска војна
Јапонија ja активираше првата единица маринци од Втората светска војна која е обучена да се спротистави на инвазија на јапонски острови долж Источното Кинеско Море за кои Токио стравува дека се ранливи на можен напад од Кина.
На свеченоста во воената база во близина на Сасеба, на југозападниот остров Кјушју, околу 1.500 припадници на десантна бригада се пострoија на ладно и веторовито време, јавија јапонски медиуми.
– Со оглед на се потешката одбранбена и безбедносна состојба во нашето опкружување, одбраната на нашите острови е наша главна задача, нагласи заменикот министер за одбрана Томохиро Јамамото.
Формирањето на јапонската бригада маринци е контроверзно, бидејќи како што предупредуваат аналитичари, може да се користи како закана за соседни држави.
Ново на Сител
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети
-
Оскар на хуманост од Црвениот Крст за Сител Телевизија
-
Врнежите од дожд не се добредојдени за пчеларството во Македонија
-
Преглед на вести од светот
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата