-->
-->
Јапонците ја одложија олимпијадата
-->
Иако беше единствената спортска надеж сепак и летната олимпијада се одложува соопшти Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Одлуката дојде откако претходно јапонскиот премиер Шинзо Абе предложи ЛОИ во Токио да се префрлат за следната година. Денес, Абе, Бах и шефот на организациониот комитет на Олимпијадата, Јоширо Мори, одржаа видеоконференциски состанок на кој се разговараше за одложувањето на Олимпијадата поради пандемијата на коронавирус. – Предложив г-дин Бах да ги одложи Игрите за една година. Тој 100% се согласува со мене, изјави Абе. Попладне ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на ИОК на кој ќе треба оваа одлука да се официјализира. Игрите во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници