Живот
8. January 2021 - 10:07

Јапонците имаат најдобар пасош, Македонија на 45 место

Пандемијата на коронавирусот, поради различните блокади, ги отежна патувањата во текот на минатата година, а најверојатно слична ситуација ќе има и во наредните години. Henley Passport Index ја објави листата на земји со најмоќни пасоши во 2021 година.

Државјаните на Јапонија може да патуваат во 191 земја без виза, додека на Сингапур може да влезат во 190 земји. Државјаните на Јужна Кореја и на Германија без виза може да влезат во 189 земји. На четвртото место со влез во 188 земји се Италија, Финска, Шпанија и Луксембург.

Данска и Австрија се на петтото место со влез без виза во 187 земји, додека шестото место со влез во 186 земји го делат Шведска, Франција, Португалија, Холандија и Ирска.

На седмото место со влез во 185 земји без виза се Швајцарија, САД, Обединетото Кралство, Норвешка, Белгија и Нов Зеланд.

На осмото место, со влез во 184 земји без виза се Грција, Малта, Чешка и Австралија.

На деветтото место е Канада, со влез во 183 земји без виза, додека на десеттата позиција е Унгарија, со влез во 182 земји.

Македонските државјани без виза може да патуваат во 124 земји, државата на листата се наоѓа на 45 место, заедно со Црна Гора.