Јанушев: Зошто Заев се плаши да прифати испитување на потеклото на имот на политичарите
СДСМ и Зоран Заев се пречка за остварување на правдата во Република Македонија.
Аболираниот Зоран Заев подготвува терен за своја идна амнестија од Пендаровски. Зоран Заев станува заштитник на принципот на амнестија, и се плаши од испитувањето на потекло на имотот на политичарите.
Затоа Заев е должен пред граѓаните на Република Македонија да одговори на неколку прашања:
Зошто не го прифаќа барањето амнестијата да не важи за политичари и носители на функции, и амнестираните да не смеат да се занимаваат со политика?
Од што се плаши Зоран Заев да прифати закон за испитување на потекло на имотот на политичарите?
Дали стравот од пораз на следните избори кои ќе значат крај на неговата политичка кариера е причината зошто не го прифаќа предлогот однапред да се знае кој ќе биде кандидат за мандатар на новата влада. Дали тоа значи дека Заев грчевито се бори да биде заштитен од пратеничкиот имунитет?
Зошто Заев не сака поразениот на изборите да се соочи со одговорност за катастрофалните политики и за престапите пред законите и граѓаните?
Потребни се одговори.
На политичарите чии политики се поразени од народот местото не им е во политиката.
На 12-ти април доаѓаат промените и обновата на Македонија. А од 13-ти април доаѓа и одговорноста за политичарите кои го изневериле народот и ги прекршиле законите.
Прес-конференција на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален