Јанушев во посета на Општина Илинден
Како што најавивме пред неколку дена почнуваме од овој викенд со акцијата односно со тимови од Извршниот Комитет каде што ќе извршат посета буквално во сите населени места во Република Македонија.
Денес сум во Општината Илинден, ги посетивме населените места Мршевци и Миладиновци, исто така имаше огромна посета на луѓе и од останатите населени места. Разговаравме со жителите од овие две села, со граѓаните на Општина Илинден каде што тие ги потенцираат своите проблеми и она што можам да го кажам е дека се дефинитивно убедени да кажат СТОП за Зоран Заев и СДСМ.
Да кажат СТОП на оваа криминално рекетарска банда која што буквално распродаде се што значеше нешто за граѓаните на Република Македонија.
Да ставиме СТОП, да кажеме ДОСТА Е на разграбувањето на државата, на криминалните афери, на рекетот и на се она што негативно се случува.
Граѓаните се свесни дека еден и единствен човек е виновник за сето ова што се случува во изминативе три години во Република Македонија. Тој човек има име и презиме, и тој човек е Зоран Заев.
Зоран Заев и СДСМ се главните виновници за сите овие негативни работи и за овој хаос кој што владее во државата. И затоа се спремни на 12-ти април да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и да издвојуваме една огромна победа и секако да ја почнеме обновата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба