Јанша: Исклучително тешко ќе се влегува во Словенија за време на празниците
Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека ќе биде исклучително тешко да се влезе во Словенија за време на празниците, како и во многу други земји членки на Европската унија.
„Не ја минувајте границата,“ порача Јанша на Твитер, истовремено објавувајќи ги извештаите од медиумите за застој во сообраќајот, што од вчера е предизивикан на граничните премини со Хрватска со огромните колони возила.
Словенечка СТА наведува дека денеска нема извештаи за застој во сообраќајот, за разлика од вчера кога проблеми имаше на речиси сите гранични премини со Хрватска, каде патниците, главно од Италија, Швајцарија и Германија, до девет часа чекаа за влез во Хрватска.
СТА забележува дека сите соседи на Словенија се уште се на црвената листа, што значи дека никој од нив не може да влезе во Словенија без да оди во карантин или да покаже негативен ПЦР тест за коронавирус.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања