Јанша: Интересно, го слават победникот, а судот сè уште нема одлучено
Премиерот на Словенија, Јанез Јанша рече дека е интересно да се слави победникот на претседателските избори во САД, а судовите сè уште не донеле одлука за жалбите.
– Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Судовите сè уште не почнале да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат победникот. Честитки пристигнуваат од сите страни. Тоа е владеење на правото, напиша Јанша на Твитер.
Јанша изминатава недела на социјалните мрежи му ја честиташе победата на Доналд Трамп, наведувајќи дека е „сосема јасно“ оти новиот мандат ќе му припадне на републиканскиот кандидат.
Претседателот на Словенија, Борут Пахор, вечерва му ја честиташе победата на Џо Бајден и изрази оптимизам во врска со идните односи.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот