Јанмаат: Верувам дека Северна Македонија ќе добие датум за преговори
Се надеваме дека Република Северна Македонија во октомври ќе добие датум за преговори со ЕУ. Треба да почекаме, но јас верувам дека тоа ќе се случи, изјави Фрек Јанмаат, раководител на секторот за економски работи и прекугранична соработка во ЕУ Делегацијата во Скопје на денешната панел дискусија посветена на проектот еднаков пристап за ефективна правда.
-Овој проект доаѓа во добар момент, пред одлуката на ЕУ во октомври. Во неговите рамки се опфатени владеењето на правото и животната средина. Владеењето на правото е првото поглавје кое се отвора, а животната средина е најголемо со најголем број закони кои македонското законодавство треба да ги усогласи со европското. Проектот доаѓа во светло на одлуката за отпочнување на преговори. Среќен сум што ЕУ може да го поддржи овој проект за ефективна правда, спроведен од Флоразом и Асоцијацијата за еколошко право и менаџмент од Унгарија, истакна Јанмаат.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево