Македонија
26. August 2022 - 16:37

Јаневски: Очекувањата за 2022 година се зголемен девизен прилив и повеќе туристи

3,2 милиони ноќевања и над 430 милиони долари се очекувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година. Од таму најавија многу проекти, туристичко брендирање на земјава како дестинација, дигитализација и градење на платформата Е-туризам.

Директорот на Агенција за промоција и подршка на туризмот, Љупчо Јаневски изјави дека напорите се насочени кон создавање нов концепт на туризмот со прераснување на Агенцијата во национална туристичка организација (НТО) и креирање услови за третирање на туризмот како во земјите од  „Отворениот Балкан” и Европа – На ниво на министерство, со зголемени ингеренции во делот на формирање туристичка инспекција и туристичка полиција.

Јаневски додаде дека во 2023 год. Македонија ќе има светски оператор кој ќе започне со 4 различни дестинации да ја сервисира нашата држава, а тоа се Холандија, Белгија, Полска и Велика Британија. Се очекуваат нешто повеќе од 150 чартери во текот на сезоната од мај до октомври да бидат на Охридскиот аеродром.

Едн од проектите кои ќе се предложи до владата е „ 50 села, 50 приказни“ со кој ќе се овозможи развој на руралниот и еко туризмот.