Јаневска: Реформите во образование на власта не дадоа никаков успех затоа што беа спроведени набрзина без анализа
Реформите во образование од страна на оваа власт беа набрзина спроведувани, недоволно осмислени, и спроведувани на неподготвен терен без анализа, без научен пристап, без пилот програми и затоа не дадоа никаков успех, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Јаневска истакна дека за таканаречените реформи не беа подготвени ниту наставниците ниту училиштата беа подготвени инфраструктурно и технолошки, посочувајќи дека дури и интернет стабилен се нема и додаде дека, таквиот пристап само придонесува да образовниот систем ни е толку на дното.
- Кога треба да се даде вистинска слика за тоа што се случува во образованието , тогаш велам какво ни е општеството, такво ни е образованието. Општеството не ни е добро, особено сега кога ни се случуваат разни притисоци, кога има незадоволно население особено откако по неуспешен референдум се потпиша договорот од Преспа, па притисоците од Бугарија, неинформираноста што се прифаќа, криминалот кој царува во земјата, сиромаштијата. Тоа се само дел од факторите кои влијаат, потенцираше Јаневска.
Таа додаде дека во иднина ќе има сериозна задача да се поправи образовниот систем, но и да се поправи општеството за да ги задржиме младите бидејќи сме една од ретките земји во светот која продуцира високо образовен кадар кој го извезува во богатите земји од Европа за да помага на други држави, наместо да помагаат на својата татковина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Милошоски ги претстави шесте забелешки кои ВМРО-ДПМНЕ ги посочи како клучни кон францускиот предлог
-
Арсовска: Изградена нова фекална канализација во Тафталиџе
-
Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието на Република Северна Македонија
-
Основниот кривичен суд определи мерки притвор за осум лица кои учествувале во настаните пред Собранието
-
Јуни потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности
-
Мехмедовиќ за МИА: Состојбата со Ковид-19 се следи на дневно ниво, засега не се планираат нови мерки
-
Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари
-
Груби – Хулман: Патот кон ЕУ се отвора со францускиот предлог